• понеделник, 20 мај 2024

САД соборија балистичка ракета и два дрона на Хутите во Црвено Море

САД соборија балистичка ракета и два дрона на Хутите во Црвено Море

Вашингтон, 13 март 2024 (МИА) - Американската војска соопшти дека соборила проектил истрелан врз американски разурнувач во Црвеното Море од област во Јемен што е под контрола на Хутите.

Американската централна команда (CENTCOM) соопшти дека Хутите вчера истрелале една балистичка ракета со краток дострел од делот на јеменската територија што ја контролираат, во правец на УСС „Лабун“, но дека таа не го погодила пловилото и дека во нападот нема повредени или причинета материјална штета, јавуваат британските медиуми.

Коалициските сили, предводени од САД, уништија и две беспилотни летала лансирани од областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти ЦЕНТКОМ.

Хутите веќе неколку месеци порачуваат дека нападите ги изведуваат како знак на поддршка на палестинската милитантна група Хамас во војната против Израел, а како одговор на тие напади, САД и Велика Британија од јануари извршуваат напади врз цели на Хутите во Јемен. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан