• понеделник, 23 декември 2024

САД: Преговорите на С Македонија со ЕУ да се отворат во јуни, не дозволуваме прекројување на границите на Западен Балкан 

САД: Преговорите на С Македонија со ЕУ да се отворат во јуни, не дозволуваме прекројување на границите на Западен Балкан 
Вашингтон, 27 април 2021 (МИА) - САД го поздравија напредокот на Северна Македонија и Албанија во однос на клучните реформи и продолжуваат со поддршка на отворањето пристапни преговори на двете држави со Европската Унија во јуни, но и ги отфрлаат сите шпекулации за прекројување на границите на Балканот. Во синоќешното соопштение од портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, се вели дека САД се посветени на евроатлатската интеграција на Западен Балкан.. - САД се посветени да ги поддржат државите од Западниот Балкан на нивниот пат кон европска интеграција и членство во клучните европски и евроатлантски институции. Работиме со државите од Западниот Балкан и нашите европски партнери за добро владеење, владеење на правото и реформите за борба против корупцијата, како и промоција на независни медиуми и силно граѓанско општество, рече Прајс. Додаде дека САД се посветени да им помагаат на државите од Западниот Балкан да го продлабочат нивното регионално економско партнерство, да ги исполнат нивните климатски цели, да се справат со рускиот енергетски притисок преку разновидност и развој на чиста енергија, и да се борат против корупцијата и организираниот криминал. Прајс изјави дека САД, исто така, сакаат да му помогнат на регионот да се развива и напредува, заштитувајќи ги стратешката инфраструктура и индустрии од кинеските злонамерни практики. - Покрај нашите цврсти економски врски со регионот, САД ги ценат партнерствата во одбраната и безбедноста, вклучително и со нашите најнови НАТО сојузници, Црна Гора и Северна Македонија. Имаме намера уште повеќе да ја зголемиме таа соработка, преку заеднички вежби, операции и набавки, се вели во изјавата на Прајс. САД го отфрлуваат секакви шпекулации за прекројување на границите на Балканот, алудирајќи на нон-пејпер што наводно циркулирал меѓу официјални претставници на ЕУ. - Како што видовме, неодамнешните неоправдани шпекулации за промена на границите на Балканот во етнички рамки, ризикуваат поттикнување нестабилност во регионот и не враќаат назад во минати тензии, Според Прајс „стабилна, просперитетна иднина на Западниот Балкан мора да биде базирана на добро владеење, владеење на право, мултиетничка демократија, и почитување на човековите права и основни слободи“. САД ги поддржуваат напорите кон сеопфатен, обврзувачки договор за нормализација меѓу Косово и Србија, со исполнување на заложбите од Вашингтон. - Го поддржува дијалогот модериран од ЕУ и ги охрабруваме страните на повторен ангажман во процесот со чувство на итност за решавање и на техничките и на политичките прашања, истакна тој. САД исто така работат со меѓународната заедница за поддршка на реформите во Босна и Херцеговина, со што ќе се овозможи земјата да стане „пропсеритетна и безбедна кандидадтка на ЕУ“. Прајс укажа дека Канцеларијата на високиот претставник (ОХР), формирана пред 25 години според Дејтонскиот мировен договор, даде значителен придонес кон тамошниот мир и стабилноста. -Продолжуваме да ја поддржуваме важната улога на ОХР во унапредувањето на агендата 5+2, со обновен фокус на антикорупцијата како клуч за засилување  на владеењето на правото, истакна тој во соопштението. бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан