• петок, 19 април 2024

САД повикуваат на итно ослободување на Гершкович откако Русија се обидува да му го продолжи притворот

САД повикуваат на итно ослободување на Гершкович откако Русија се обидува да му го продолжи притворот

Атланта, 23 мај 2023 (МИА) - САД повикаа на итно ослободување на уапсениот новинар на Волстрит џурнал, Еван Гершкович, откако руската служба за безбедност побара негово продолжување на притворот.

„Тој воопшто не треба да биде приведен. Новинарството не е кривично дело. Тој треба веднаш да биде ослободен“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби за Си-Ен-Ен.

„Се уште ќе работиме многу, многу напорно за да видиме дали можеме да го вратиме дома со неговото семејство каде што припаѓа“.

Кирби зборуваше откако истражителите на руската безбедносна служба ФСБ побараа од суд Гершкович, уапсен во март под обвинение за шпионажа, да го задржат уште три месеци во притвор.

Американските власти се уште вршат притисок за конзуларен пристап до Гершкович директно со Русите, рече Кирби. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан