• недела, 22 декември 2024

Генсекот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

Генсекот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

Брисел, 19 април 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.

-Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, додаде тој.

Според извештаите на медиумите, Израел рано утринава ја нападнал иранската провинција Исфахан како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.

Според израелскиот весник „Џерусалем Пост“, нападот бил насочен кон воздухопловната база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Меѓутоа, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан