• четврток, 15 февруари 2024

САД одадоа почит на жртвите од Холодомор и одлучноста на Украина да истрае

САД одадоа почит на жртвите од Холодомор и одлучноста на Украина да истрае

Вашингтон 25 ноември 2023 (МИА) САД денеска ја одбележуваат годишнината од Холодомор во Украина во 1932 и 1933 година, настан кој во историјата е познат по смртта на милиони луѓе поради крза со недостаток од храна предизвикана од жестките и угнетувачки политики на власта на советскиот лидер Сталин.   

Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, ја става  во контекст оваа трагедија со неодамнешните постапки на Русија која „од јули годинава уништи илјадници тони украинско жито како и земјоделска инфраструктура на Украина“. 

-За време на режимот на Јосиф Сталин во Украина беа воведени жестоки и репресивни политики вклучувајќи намерно предизвикано гладување што во земјата уби милиони невини жени, мажи и деца, се вели во денешната изјавата. 

Милер додава дека САД „одаваат почит на изгубените животи во оваа страшна трагедија и во одлучноста на украинскиот народ да истрае во овие тешкотии за на крај да создаде слободно и демократско оштетство“. 

-Во време кога помниме на жртвите на Холодомор ја реафирмираме нашата истрајна заложба за народот на Украина, неговата слобода и демократија, се вели во соопштението. кб/ 
фото Веб сајт на Мисија на САД во ОБСЕ

Остани поврзан