• понеделник, 23 декември 2024

САД објавија мерки за подршка на малиот бизнис на Куба

САД објавија мерки за подршка на малиот бизнис на Куба

Вашингтон, 29 мај 2024 (МИА) - САД објавија регулаторни измени со цел засилување на подршката за народот на Куба и независните приватни претприемачи во таа земја, изјави синоќа службено лице од Министерството за финансии на САД.

Измените ќе дозволат зголемување на американската финансиска подршка за малиот приватен бизнис на Куба, ќе се подобри квалитетот на интернет-услугите на островот и ќе се рашири достапот до финансиски услуги.

САД ги најавуваат овие мерки кога комунистичката земја се соочува со социјално-економска криза и со кусок од прехранбени производи, горива, електрична енергија и лекови.

Службеникот изјави дека со новите правила назависните претприемачи од приватниот сектор на Куба ќе можат да отвараат банкарски сметки во САД и да добиваат достап до тие сметки од далечина, преку американските платформи за плаќање онлајн.

Кубанските претприемачи добија можност да регистрираат мали и средни претпријатија во 2021 година. Според последните податоци во земјата се регистрирани повеќе од 11.000 приватни компании. кб/

Остани поврзан