• вторник, 27 август 2024

САД обезбедија 64 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за Супсахарска Африка

САД обезбедија 64 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за Супсахарска Африка

Вашингтон, 26 август 2024 (МИА) - САД објавија повеќе од 64 милиони долари хуманитарна помош за Супсахарска Африка, посебно за бегалците, повратниците и внатрешно раселените лица во Сенегал, соопштија денеска од Стејт департментот.
-Со ова, вкупната хуманитарна помош на САД за Супсахарска Африка оваа фискалната година достигна повеќе од 3,8 милијарди долари. САД се горди што се најголемиот поединечен донатор на хуманитарна помош за Африка и супсахарска Африка на глобално ниво.

Оваа помош ќе им овозможи на хуманитарните партнери на САД да ги задоволат итните и спасувачки потреби на бегалците и другите раселени и ранливи популации во регионот. Исто така, ќе овозможи изградба на трајни решенија, вклучувајќи безбедност, достоинство како и локална интеграција кај заедниците кои ги примаат.

Додека САД повикуваат на зголемена поддршка, истовремено го признаваат огромниот напор вложен од Сенегал и другите земји во регионот за да ги пречекаат бегалците, повратниците и внатрешно раселените лица во нивните заедници.

-Примерот на сенегалската влада за вклучување на бегалците во националните социјални и здравствени услуги одигра клучна улога во зајакнување на стабилноста во регионот. САД ги охрабруваат другите влади да го следат примерот на Сенегал во вклучувањето на бегалците и напредувањето на одржливите решенија, повикаа од Стејт департментот. кб/ссм/

Остани поврзан