• четврток, 26 декември 2024

Шефот на МААЕ утре ќе предводи мисија за инспекција на руска нуклеарна централа

Шефот на МААЕ утре ќе предводи мисија за инспекција на руска нуклеарна централа

Виена, 26 август 2024 (МИА) - Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, соопшти дека утре ќе замине во нуклеарната централа Курск во Русија поради „сериозната ситуација“ во регионот.

„Со оглед на сериозната ситуација, лично ќе ја предводам утрешната мисија на МААЕ во нуклеарната централа Курск во Русија. Повторувам дека безбедноста и сигурноста на нуклеарните постројки мора да бидат загарантирани во сите околности“, потенцираше Гроси. ссм/

Остани поврзан