• петок, 05 декември 2025

САД нудат награда од 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро

САД нудат награда од 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро

Вашингтон, 8 август 2025 (МИА) - Соединетите Американски Држави нудат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави вчера американската државна обвинителка Пем Бонди.

Во видео објавено на „X“, Бонди го обвини Мадуро за соработка со групи, вклучувајќи ја венецуелската затворска банда Трен де Арагуа и нарко-картелот Синалоа.

Според американскиот Стејт департмент, САД претходно понудија награда од 25 милиони долари за информации поврзани со Мадуро. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан