САД не ја исклучуваат можноста Иран директно да се вклучи во војната
- Во изјава за Си-би-ес Њуз, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, предупреди на можноста за создавање нов фронт на северната граница на Израел со Либан. -Не можеме да ја исклучиме можноста Иран да биде директно вклучен на некој начин. Мораме да се подготвиме за сите можни непредвидени ситуации, рече тој.
Вашингтон, 15 октомври 2023 (МИА) - САД предупредија дека ескалацијата на војната меѓу Израел и Хамас може да доведе до можност Иран директно да се вклучи во конфликтот.
Во изјава за Си-би-ес Њуз, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, предупреди на можноста за создавање нов фронт на северната граница на Израел со Либан.
-Не можеме да ја исклучиме можноста Иран да биде директно вклучен на некој начин. Мораме да се подготвиме за сите можни непредвидени ситуации, рече тој.
Во изминатите денови, а особено денеска на израелско-либанската гранива имаше размена на оган меѓу милитантната група Хезболах, која е поддржана од Иран, и израелските сили, а беа вклучени и палестински милитантни групи од областа. сд/
фото:МИА архива