САД и Иран разговараа за „техничките елементи“ на нуклеарниот договор за време на преговорите во Оман
- Специјалниот пратеник на Белата куќа за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денеска во главниот град на Оман уќествуваше во четврта рунда директни и индиректни преговори со Иран.
Маскат, 11 мај 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на Белата куќа за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денеска во главниот град на Оман уќествуваше во четврта рунда директни и индиректни преговори со Иран.
Според висок претставник на американските власти, во Маскат биле дискутирани „техничките елементи“ на нуклеарниот договор. Тој додаде дека Иран и САД се согласиле наскоро да одржат следна рунда преговори. ссм/
фото: архива