• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД и Белгија преговараат за инвестиција од 800 милиони евра во НАТО-базата во Монс

САД и Белгија преговараат за инвестиција од 800 милиони евра во НАТО-базата во Монс

Брисел, 4 април 2025 (МИА) - Белгискиот премиер Барт де Вевер и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Брисел разговараа за проширување на командната база на НАТО во Монс, јавија белгиските медиуми.

Според информациите, проширувањето е неопходно поради зголемениот број земји-членки на Алијансата. Планот предвидува изградба на две нови згради во вредност од 800 милиони евра, од кои Белгија ќе обезбеди 155 милиони.

Де Вевер ја искористил средбата за да ги изнесе своите ставови за американските барања за постепено зголемување на трошоците за одбрана на земјите-членки на НАТО до пет отсто од нивниот БДП, како и за новите царини што Вашингтон ги воведе.

Белгискиот премиер, кој вчера во парламентот ги нарече овие мерки „катастрофа за светската економија“, истакна дека „пријателството е тешко кога едната страна постојано ја понижува другата“. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан