• петок, 06 септември 2024

САД испраќаат 45 милиони долари хуманитарна помош за Хаити

САД испраќаат 45 милиони долари хуманитарна помош за Хаити

Порт о Пренс, 6 септември 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави нов пакет хуманитарна помош за Хаити во вредност од 45 милиони долари, повикувајќи ги другите земји да помогнат во финансирањето на меѓународните полициски сили во земјата, која е опустошена од насилството на бандите.

- Во овој критичен момент ни се потребни повеќе средства. Ни треба повеќе персонал за да ги поддржиме и постигнеме целите на оваа мисија, изјави американскиот државен секретар на прес-конференција, додавајќи на француски: „Ние сме со вас!“.

Блинкен соопшти дека САД планираат да одржат министерски состанок за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк овој месец, за да мобилизираат поддршка за зајакнување на безбедноста и за справување со другите предизвици со кои се соочува Хаити.

Тој додаде дека сака да се увери дека Хаити ќе продолжи по патот на демократијата, што вклучува одржување избори во земјата следната година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан