• четврток, 21 ноември 2024

САД даваат поддршка за народот на Венецуела во клучната 2020 година

САД даваат поддршка за народот на Венецуела во клучната 2020 година
Вашингтон, 9 јануари 2020 (МИА) - Политичката криза во Венецуела предизвика одлив на повеќе од 4.8 милиони луѓе од земјата, колапс на некогаш успешното образование, економија, индустрија и здравство во земјата, и погазување на човековите права и основните слободи, се вели во денешното соопштение на државниот секретар Мајк Помпео. Затоа САД, како што се додава во соопштението, даваат поддршка за народот на Венецуела во клучната 2020 година. - При крајот на годината закажани се претседателски и парламентарни избори значајни за иднината на земјата во годините што следуваат, за повторна изградба на институциите и инфраструктурата разорени од бруталниот режим, се наведува во сооштението. како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, се укажува и дека во 2020 година се отвораат големи можности венецуелскиот народ да го добие она што одамна го бара – слободни и фер претседателски и парламентарни избори за избор на лидерство на земјата и да започне долг процес на обнова. САД истакнуваат дека меѓународната заедница игра главна улога во поддршката на народот во Венецуела. Низата мерки истакнати и од Стејт департментот и од други важни актери како ЕУ, за креирање нова и независна Изборна комисија и нов и независен Врховен суд, „се во согласност со Уставот на земјата и само овие дејства можат да ја завршат кризата во Венецуела“. - Секој друг процес надвор од овие рамки ги искривува мерките и нема да се смета за легитимен и веродостоен, се вели во соопштението на Помпео. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан