• среда, 26 јуни 2024

САД го повикаа Советот за безбедност да гласа за поддршка на планот за прекин на огнот во Газа

САД го повикаа Советот за безбедност да гласа за поддршка на планот за прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 10 јуни 2024 (МИА)  - САД побарале гласање во Советот за безбедност на ОН за нивната нацрт-резолуција со која се поддржува планот за „итно прекин на огнот со ослободување на заложниците“ меѓу Израел и Хамас, јавија американските медиуми.

Дипломатски извори соопштија дека гласањето е планирано за денеска, но се уште не е потврдено од Јужна Кореја, која претседава со Советот за безбедност за месец јуни.

„САД повикаа Советот за безбедност да се придвижи кон гласање... поддржувајќи го предлогот на маса“, рече Нејт Еванс, портпарол на американската делегација, без да прецизира датум за гласање.

„Членовите на Советот не треба да дозволат оваа можност да помине и мора да зборуваат со еден глас за поддршка на овој договор“, рече Еванс.

САД беа широко критикувани поради блокирањето на неколку нацрт-резолуции на ОН кои повикуваат на прекин на огнот во Газа.

Американскиот претседател Џо Бајден на 31 мај започна нов притисок за договор за прекин на огнот и ослободување заложници.

Според предлогот, Израел ќе се повлече од населените центри во Газа, а Хамас ќе ги ослободи заложниците. Прекинот на огнот ќе трае првично шест недели, а ќе биде продолжен бидејќи преговарачите бараат траен крај на непријателствата. зш/

Остани поврзан