• четврток, 21 ноември 2024

САД ги осудуваат „ескалирачките“ акции на Кина против Филипините

САД ги осудуваат „ескалирачките“ акции на Кина против Филипините

Вашингтон, 1 септември 2024 (МИА) - САД вчера ги осудија „опасните и ескалирачки“ акции на Кина против, легитимните филипински поморски операции во Јужното Кинеско Море,соопшти Стејт департментот,

- Брод на кинеската крајбрежна стража намерно трипати се судри со брод на филипинската крајбрежна стража, што ја користеше својата слобода на навигација во филипинската ексклузивна економска зона, предизвикувајќи штета на бродот и загрозувајќи ја безбедноста на екипажот на бродот, изјави портпаролот Метју Милер. 

Во соопштението за печатот се наведува дека ова е најнова во серијата опасни и ескалирачки акции на Кина во оваа област во текот на август.

Кинеската крајбрежна стража вчера соопшти дека филипинскиот брод, „незаконски застанат“ на гребенот Сабина Шоал, го подигнал сидрото и „намерно удрил“ во кинески брод, додека филипинската крајбрежна стража соопшти дека кинескиот брод „целно се судрил“ со еден од филипинските бродови.

Пекинг претендира на целото Јужно Кинеско Море, вклучително и деловите што им припаѓаат на Филипините, Брунеи, Малезија, Тајван и Виетнам. Се верува дека делови од морето, низ кои поминуваат стоки во вкупна вредност од три милијарди долари годишно, се богати со наоѓалишта на нафта и гас и рибни резерви.

Постојаниот арбитражен суд во 2016 година утврди дека барањата на Кина немаат правна основа, одлука што Пекинг ја отфрла.сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан