САД/Избори: Трамп убедливо води во Индијана и Кентаки
- Се пребројуваат гласовите во Индијана и Кентаки. Тоа се сојузни држави кои се сметаат за сигурни за Републиканската партија.
Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Се пребројуваат гласовите во Индијана и Кентаки. Тоа се сојузни држави кои се сметаат за сигурни за Републиканската партија.
Во Индијана, каде има 11 електори, се преброени 1 отсто од гласовите. Републиканскиот кандидат Доналд Трамп во моментов има 70,7 отсто од гласовите, а кандидатката на Демократите Камала Харис 27,6 отсто.
Во Кентаки, каде има осум електори, се преброени 1,9 отсто од гласовите. Трамп во моментов има 65,1 отсто од гласовите, а Харис 33,7 отсто. ссм/
фото: архива