• сабота, 13 декември 2025

Сабаленка нема да го промени своето спортско државјанство

Сабаленка нема да го промени своето спортско државјанство

Лондон, 11 декември 2025 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка изјави дека нема планови да го промени своето спортско државјанство.

- Јас служам како пример за децата, а промената на моето државјанство не е за мене бидејќи не сакам да ги предадам. Затоа, би сакала да ја претставувам Белорусија токму за децата од оваа земја да можат да ме видат како се натпреварувам на високо ниво и да бидат инспирирани од мене. Се надевам дека, со мојот пример, ќе им покажам дека, ако успеав да стигнам од оваа мала земја до самиот врв, тогаш и тие можат да го сторат истото, рече 27-годишната атлетичарка во интервју за британскиот новинар Пирс Морган.

Дваесет и седумгодишната Сабаленка има освоено 21 титула на ВТА во поединечна конкуренција, вклучувајќи четири Гренд слем турнири. 

Сабаленка е лидер на светската ранг-листа на ВТА. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан