• понеделник, 13 мај 2024

Сабаленка доби британска виза

Сабаленка доби британска виза

Париз, 9 јуни 2023 (МИА) – Тенисерката од Белорусија, Арина Сабаленка соопшти дека добила британска виза и дека ќе игра на Вимблдон.

 

- Имам виза. Ју-Ху! Можете да бидете среќни. Одам на Вимблдон и тоа е одлична вест. Со нетрпение очекувам да одам во Лондон. Навистина уживам да играм таму. Уживам во атмосферата. Минатата година навистина го пропуштив Вимблдон и, да, едвај чекам да се вратам и да го покажам мојот најдобар тенис.

 

Сабаленка која во моментов е на второто место на ВТА ранг-листата, вчера загуби од Мухова (Чешка) во полуфиналето на Грен слемот Ролан Гарос.

 

Вимблдон годинава ќе се игра од 3 до 16 јули. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан