Нико Вилијамс: Би бил среќен ако Јамал ја освои Златната топка
- Шпанскиот фудбалски репрезентативец Нико Вилијамс го изрази своето воодушевување од Ламине Јамал пред полуфиналето на Лигата на нации против Франција.
Штутгарт, 5 јуни 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски репрезентативец Нико Вилијамс го изрази своето воодушевување од Ламине Јамал пред полуфиналето на Лигата на нации против Франција.
- Ламине е неверојатен и тоа го покажува цело време. Се надевам дека ќе биде добро во одлучувачките натпревари на турнирот. Има брилијантна година. Би бил среќен ако ја освои Златната топка. Слични сме, сакаме слични работи, секогаш сме позитивни и се обидуваме да соработуваме еден со друг и со сите други. Навистина добро се забавуваме.
Секоја година ги пишувам моите цели за сезоната во мојот паметен телефон. Почнав да го правам ова кога сè уште играв на младинско ниво и сè уште го правам. Тоа ми помага да се развивам и како фудбалер и како личност. За среќа, досега ги исполнував сите поставени задачи, изјави Вилијамс.
Натпреварот Шпанија - Франција ќе се одржи вечер во Штутгарт со почеток во 21 часот.
Во првото полуфинале, Португалија синоќа ја совлада Германија со 2:1. зс/
Фото: ЕПА