• недела, 22 декември 2024

Рјабков: Русија не се плаши од санкции на САД

Рјабков: Русија не се плаши од санкции на САД
Москва, 21 септември 2020 (МИА) - Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва не се плаши од можни санкции на САД поради договорот за вооружување со Иран. - Не се плашиме од американските санкции, навикнати сме на нив. Тоа нема да влијае на нашата политика на кој било начин. Нашата соработка со Иран е повеќекратна, одбранбената соработка ќе напредува во зависност од потребите и меѓусебната волја на двете земји, рече Рјабков. Како што пренесуваат странските агенции, САД на 21 септември ќе санкционираат 20 лица поврзани со иранската програма за нуклеарно, ракетно и конвенционално оружје. паг/  

Остани поврзан