• сабота, 27 јули 2024

Рјабков: Русија како претседавач на групата пет нуклеарни сили ги одлага сите состаноци за 2024 година

Рјабков: Русија како претседавач на групата пет нуклеарни сили ги одлага сите состаноци за 2024 година

Москва, 28 ноември 2023 (МИА) - Русија, актуелниот претседавач на петте држави со нуклеарно оружје, нема да свикува состаноци оваа година, но на групата и го претстави распоредот за 2024 година, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Русија ја презеде координацијата на групата од САД во август.

„Петорката“ ја сочинуваат постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, кои имаат право на вето. Покрај Русија и САД, во групата се Кина, Франција и Велика Британија.

„Ги изнесовме нашите предлози во врска со дневниот ред и распоредот и очигледно можеме да очекуваме да добиеме повратни информации од другите членови на петорката. Но, во секој случај, се што е во програмата на координаторот ќе се одвива следната година, рече Рјабков за новинарите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан