• четврток, 02 мај 2024

РФМ ги одреди цените за баражот со Фарски Острови

РФМ ги одреди цените за баражот со Фарски Острови

Скопје, 15 април 2024 (МИА) – Ракометната Федерација на Македонија денес ги објави цените на билетите за бараж натпреварот со Фарски Острови за Светското првенство 2025. Билетите ќе чинат 200 и 300 денари.

Натпреварот ќе се одигра на 12 мај со почеток во 19 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Претходно македонските ракометари ќе гостуваат на Фарски Острови. 

Продажбата на влезници за натпреварот почна денес и се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан