• петок, 05 декември 2025

Руски ракетен напад врз Дњепар: Четири жртви и 22 повредени цивили

Руски ракетен напад врз Дњепар: Четири жртви и 22 повредени цивили

Киев, 1 декември 2025 (МИА) – Во руски ракетен напад врз Дњепар загинаа четири лица, а 22 се ранети, објави денеска на „Телеграм“ гувернерот на таа украинска област, Владислав Гајваненко.

Претходно беше објавено дека загинале три лица, а 15 се ранети.

Во нападот денеска претпладне се оштетени бензинска пумпа и неколку претпријатија, соопшти Службата за вонредни состојби (ДСНС). На објавените фотографии се гледа и училишен автобус со скршени прозорци. ссм/мс/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан