• вторник, 16 јули 2024

Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба

Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба

Хавана, 7 јуни 2024 (МИА) – Четири руски воени бродови, вклучително и подморница на нуклеарен погон, ќе пристигнат во Хавана следната недела, соопштија кубанските власти.

Кубанското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродовите ќе бидат во Хавана од 12 до 17 јуни, истакнувајќи дека ниту еден од нив нема да носи нуклеарно оружје и уверувајќи дека нивното присуство „не претставува закана за регионот“.

За време на влегувањето на флотата во пристаништето, од еден од бродовите ќе бидат испукани 21 почесни салви во знак на поздрав до земјата домаќин, на што ќе биде возвратено со артилериски поздрав од Револуционерните вооружени сили на Куба, информира Министерството за надворешни работи.

Соопштението дојде еден ден откако американските власти соопштија дека ги надгледуваат руските воени бродови и авиони кои се очекува да пристигнат на Карибите за воени вежби. Како што претходно соопштено, вежбата ќе биде дел од одговорот на Русија на американската поддршка за Украина. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан