• четврток, 25 април 2024

Руските трупи бомбардираа село во областа Харков

Руските трупи бомбардираа село во областа Харков

Киев, 19 март 2024 (МИА) - Руската војска го бомбардирала пограничното село Казачја Лопан во областа Харков, објави на Телеграм, Вјачеслав Задоренко, шеф на градската воена управа Дергачив, пренесоа украинските медиуми.

-Околу 9 часот наутро руските терористи истрелаа две контролирани воздушни бомби во Казачија Лопан. Оштетени се неколку приватни куќи, објекти од цивилна инфраструктура, далноводи, рече Задоренко. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан