• понеделник, 06 мај 2024

Руската војска го зазеде селото Богдановка во источна Украина

Руската војска го зазеде селото Богдановка во источна Украина

Москва, 21 април 2024 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија го зазела селото Богдановка, меѓу Бахмут и Часов Јар во источна Украина.

„Единиците на „Јужните“ сили целосно го освоија селото Богдановка, во Народна Република Доњецк“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Богдановка има помалку од 100 жители пред војната, се наоѓа на помалку од 10 километри од Часов Јар, градот кон кој се упати руската армија по преземањето на Бахмут во пролетта 2023 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан