Русија соопшти дека Украина во изминатите 24 часа двапати ги нападнала енергетските капацитети во областа Курск
- Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили двапати нападнале енергетски објекти во земјата во изминатите 24 часа и покрај договорот со посредство на САД за запирање на таквите напади.

Москва, 2 април 2025 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили двапати нападнале енергетски објекти во земјата во изминатите 24 часа и покрај договорот со посредство на САД за запирање на таквите напади.
Воениот оддел посочи дека Украина ги нападнала енергетските капацитети во областа Курск со беспилотни летала и артилерија и дека нападите довеле до прекин на електричната енергија.
Украина и Русија минатиот месец се договорија да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура во рок од 30 дена, но двете страни продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за прекршување на договорот. мс/
фото: МИА архива