• четврток, 03 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Русија ја укина забраната за Талибанците во обид да ги подобри односите со Авганистан

Русија ја укина забраната за Талибанците во обид да ги подобри односите со Авганистан

Москва, 17 април 2025 (МИА) – Русија ги отстрани талибанците од својата листа на забранети терористички групи, со цел да ги подобри врските со Авганистан, јави ДПА.

Рускиот Врховен суд ја укина класификацијата на движењето како екстремистичко.

- Одлуката за суспендирање на забраната за талибанците во Русија е предмет на итно извршување, рече судијата Олег Нефедов.

Канцеларијата на јавниот обвинител во Москва во март поднесе барање за отстранување на групата од црната листа на терористички организации.

Талибанците се на руската терористичка листа од 2003 година. Сепак, руската влада брзо воспостави контакти со раководството во Кабул по насилното преземање на власта во Авганистан од страна на Талибанците во 2021 година.

И покрај нивната широка меѓународна изолација, талибанските делегации ја посетија Москва неколку пати. Руската влада ги оправда контактите како неопходни за стабилизација на Авганистан.

Рускиот парламент и претседателот Владимир Путин претходно го отворија патот за судската одлука за талибанците.

Советскиот Сојуз водеше војна во Авганистан од 1979 до 1989 година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан