Русија тврди дека соборила украински авион Су-27
Москва, 12 септември 2025 (МИА) – Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските воздухопловни сили собориле авион Су-27 на украинското воено воздухопловство.
Украинската армија претходно потврди дека изгубила ловец Су-27 во правец на областа Запорожје, при што загинал и пилотот. јт/
Фото: МИА архива