• петок, 05 декември 2025

Русија тврди дека зазела село во источна Украина

Русија тврди дека зазела село во источна Украина

Москва, 1 декември 2025 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека московските сили го зазеле селото Клиновје во регионот Донецк во Украина.

Информациите не можат да бидат независно потврдени.

Во меѓувреме, три лица загинаа, а најмалку осум се ранети во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Днепар, изјави гувернерот на регионот Днепар, Владислав Гајваненко.

„Операцијата за спасување е во тек, според прелиминарните податоци, има штета на бензинска пумпа и компанија. Инспекцијата на областа продолжува и штетата се проценува“, додаде тој на апликацијата Телеграм. мс/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан