• сабота, 13 декември 2025

Русија тврди дека го зазела Новоолександривка во областа Дњепропетровск

Русија тврди дека го зазела Новоолександривка во областа Дњепропетровск

Москва, 31 октомври 2025 (МИА) – Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека нејзините сили го зазеле селото Новоолександривка во украинската област Дњепропетровск.

Светските агенции нагласуваат дека информацијата за состојбата на бојното поле не може да се потврди преку независни извори.

Селото се наоѓа на помалку од 10 километри југоисточно од селото Покровске кое е важен одбранбен јазол на Вооружените сили на Украина во областа Дњепропетровск, додаде руското министерство. јт/

Фото Министерство за одбрана на Русија

Остани поврзан