• четврток, 16 мај 2024

Русија протерува хрватски дипломати

Русија протерува хрватски дипломати
Москва, 27 мај 2022 (МИА) - Од Русија ќе бидат протерани петмина дипломати од хрватската Амбасада во Москва, како одговор на протерувањето руски дипломати од Загреб, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Хрватска на 11 април информираше за протерани 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал од Амбасадата во Загреб. Ден подоцна, Руската Федерација изрази силен протест до хрватските власти и се закани со соодветен одговор. бд/гт/

Остани поврзан