• сабота, 27 јули 2024

Русија предупредува на потенцијален „нуклеарен судир“ доколку Велика Британија и испрати на Украина муниција со осиромашен ураниум

Русија предупредува на потенцијален „нуклеарен судир“ доколку Велика Британија и испрати на Украина муниција со осиромашен ураниум

Москва, 21 март 2023 (МИА) -  Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди на можен „нуклеарен судир“ меѓу Москва и Западот, пренесува Скај Њуз.

Според руски медиуми, Шојгу рекол дека остануваат сè помалку чекори пред да се случи потенцијален инцидент. Изјавата на Шојгу е реакција на најавата на Велика Британија дека ќе ја снабдува Украина со муниција што содржи осиромашен ураниум, јавува Скај Њуз.

Говорејќи во Лондон, вчера Анабел Голди, министерката за одбрана, рече дека дел од муницијата за борбените тенкови „Челинџер 2“ што Велика Британија ги испраќа во Украина вклучува оклопни куршуми кои содржат осиромашен ураниум.

- Таквиот потег ќе ја поттикне Русија да одговори, рече Шојгу.

Остани поврзан