• сабота, 16 ноември 2024

Русија на црната листа стави и позната руска новинарка

Русија на црната листа стави и позната руска новинарка
Москва, 2 април 2022 (МИА) - Русија додаде уште осум лица на својата црна листа, обвинувајќи ги дека се „странски агенти“. Меѓу нив е и Eлизавета Осетинскаја, поранешна уредничка на неколку руски весници кои објавуваа извештаи за комерцијалните интереси на луѓе блиски до рускиот претседател Владимир Путин. На списокот се најдоа и писателот и видео блогер Евгениј Понасенков и ТВ репортерката Марија Борзунова. Понасенков е познат по неговите духовити забелешки на социјалните мрежи насочени кон владата и ток-шоуа на државните ТВ канали. Марија е репортерка на независниот ТВ канал Рајн, кој исто така е прогласен за „таен агент“ и ја прекина својата работа од почетокот на инвазијата. Терминот „странски агент“ носи негативни конотации од советската ера и ги подложува овие лица на строги барања за финансиско известување. Исто така ги обврзува да се изјаснат дека се „странски агенти“ за се што објавуваат. паг/  

Остани поврзан