Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби во Раџастан
- Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби во северозападната индиска држава Раџастан за подобрување на антитерористичките операции, соопшти руското Министерство за одбрана.
Москва, 7 октомври 2025 (МИА) - Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби во северозападната индиска држава Раџастан за подобрување на антитерористичките операции, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руско-индиската вежба „Индра 2025“ се одржува на воениот полигон Махаџан во Раџастан и ќе продолжи до 15 октомври, соопшти Министерството.
-Главната цел на вежбите е подобрување на соработката меѓу воените единици на двете земји во борбата против тероризмот, вклучително и подобрување на тактиките на антитерористичките операции, посочи Министерството.
„Особено внимание ќе се посвети на зголемување на интероперабилноста на единиците и размена на најдобри практики во контекст на модерното војување“, се вели во соопштението. мс/
фото: МИА архива