• сабота, 22 февруари 2025

Русија изврши напади со беспилотни летала на Киев и Суми

Русија изврши напади со беспилотни летала на Киев и Суми

Киев, 10 февруари 2025 (МИА) - Руски беспилотни летала синоќа предизвикаа пожар во Киев, а повредена е една жена и оштетени се неколку куќи во градот Суми во североисточна Украина, соопштија украинските власти.

„Нема повредени во нападот што предизвика пожар во нестанбена зграда во Киев“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко во објава на апликацијата Телеграм.

„Триесет и осумгодишна жена е хоспитализирана по напад на руски дрон врз градот Суми, кој е административен центар на Сумиската област“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Игор Калченко. Тој додаде дека се оштетени пет куќи.

Целосниот опсег на синоќешниот руски напад врз Украина се уште се разјаснува. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан