• понеделник, 23 декември 2024

Русија е подготвена да го прифати американскиот предлог за продолжување на нуклеарниот договор

Русија е подготвена да го прифати американскиот предлог за продолжување на нуклеарниот договор
Москва, 20 октомври 2020 (МИА) - Русија е подготвена да го прифати американскиот предлог за замрзнување на бројот на нуклеарни боеви глави и продолжување на последниот договор за контрола на оружјето за една година, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Тоа е промена во ставот на Москва, бидејќи Русија и САД претходно ги отфрлија меѓусебните понуди за новиот договор „СТАРТ“ што истекува во февруари. Русија е подготвена на договор доколку истото го сторат и САД и доколку немаат никакви дополнителни барања, се наведува во соопштението. Според договорот Новиот  СТАРТ, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев, на двете страни им е дозволено да имаат максимум 1.550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени ракети и бомбардери. Новиот СТАРТ е единствениот преостанат договор за контрола на нуклеарното вооружување меѓу САД и Русија, откако прво САД, а потоа и Русија се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел од 1987 година (договор INF). Русија понуди безусловно да го продолжи, додека администрацијата на Трамп првично се залагаше за нов договор за контрола на оружјето што ќе ја вклучува Кина. Американскиот прертседател неодамна го смени ставот и предложи едногодишно продолжување на договорот од 2010 година, но додаде дека Москва и Вашингтон за возврат ќе се заложат за „замрзнување“ на активностите на сите нуклеарни боеви глави во тој период. Русија тогаш се согласи на едногодишно продолжување. јт/зш/

Остани поврзан