• четврток, 26 март 2026

Зеленски на третата година од руската инвазија: Три години апсолутно херојство

Зеленски на третата година од руската инвазија: Три години апсолутно херојство

Киев, 24 февруари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани шокантните моменти од војната.

Зеленски во објава на Х, изрази гордост и благодарност до сите кои ја бранат и поддржуваат државата.

„Три години отпор. Три години благодарност. Три години апсолутно херојство на Украинците. Горд сум на Украина! Им благодарам на сите што ја бранат и поддржуваат. На сите што работат за Украина. И нека е вечен споменот на сите што ги дадоа своите животи за нашата земја и народ“, рече Зеленски во објавата на социјалните мрежи.сд/

 

Остани поврзан