• недела, 29 септември 2024

Русите со дронови ја нападнаа Oдеса, под закана се и други украински градови на брегот на Црното Море

Русите со дронови ја нападнаа Oдеса, под закана се и други украински градови на брегот на Црното Море

Одеса, 14 септември 2024 (МИА) - Руската војска ноќеска со беспилотни летала ги нападна градот и регионот Одеса. Сирените во украинскиот црноморски град биле активирани во 00:57 часот, пренесува БТА.

Во Одеса се слушнале силни експлозии, а локалните власти го повикаа населението да остане на безбедни места.

На брегот на Црното Море кружат 10 дронови кои постојано маневрираат, јавуваат украинските медиуми. Под закана се градовите со капитална инфраструктура - Одеса, Черноморси, Јужни, Вилково, Белгород Днестровск и Затока.

Во текот на ноќта, руските сили 84 пати гранатирале 15 погранични области на украинскиот регион Суми, при што загинале две лица, а девет се ранети, соопштија регионалните власти.

Регионот Сума долго време е цел на руско гранатирање. Се наоѓа наспроти јужниот руски регион Курск, кој украинските сили го нападнаа на почетокот на август.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, објави дека руските сили ја нападнале и областа Холоднохирски, пренесува Укринформ. Во нападот нема жртви и повредени, предузвикана е само материјална штета.са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан