Русин со лажен пасош украл 190.000 евра од туѓа сметка
- Осомничениот ја искористил својата физичка сличност со сопственикот на сметката за да украде пари...

Санкт Петербург, 20 јануари 2025 (МИА) - Во Санкт Петербург, Русија, уапсен е маж осомничен дека украл 20 милиони рубљи (околу 190.000 евра) од сметка во Москва, со лажен пасош, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.
„Осомничениот ја искористил својата физичка сличност со сопственикот на сметката за да украде пари... Осомничениот прво извадил лажен пасош со своја фотографија и туѓите лични податоци, а потоа од мобилниот оператор на кого му го покажал лажниот документ побарал дупликат од СИМ-картичката што наводно ја изгубил“, напиша Волк на „Телеграм“.
Според наводите, против уапсениот е поведена кривична постапка.
Таа посочи дека осомничениот потоа користел мобилна апликација за да ги добие потребните информации за банкарските сметки и од нив подигнал околу 20 милиони рубљи. Потоа, се наведува, им ги испраќал парите на своите соучесници. си/
Фото: МИА архива