• петок, 22 ноември 2024

Руд против Махач за титулата во Женева

Руд против Махач за титулата во Женева

 

Женева, 25 мај 2024 (МИА) – Седмиот тенисер во светот, Норвежанецот Каспер Руд, се пласираше денеска во финалето на АТП тенискиот турнир во Женева во кое за противник го чека Чехот Томаш Махач.

Руд го победи Италијанецот Флави Коболи (АТП-56) со 1:6, 6:1, 7:6 (7/4) и се пласираше во финалето, каде што ќе се обиде да ја освои третата титула по 2021 и 2022 година.

Полуфиналниот дуел меѓу Руд и Коболи беше одложен вчера поради дожд.

Во своето трето финале оваа година на земјена подлога, по Монте Карло и Барселона, Руд ќе игра со една од ѕвездите во подем, Махач, кој се пласираше во своето прво финале во кариерата победувајќи го вчера светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан