• понеделник, 01 јули 2024

Рудигер официјално нов играч на Реал Мадрид

Рудигер официјално нов играч на Реал Мадрид
Мадрид, 2 јуни 2022 (МИА) – Актеулниот европски и шпански шампион Реал Мадирд денес соопшти дека договори соработка со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер. Дваесет и деветгодишниот Германец потпиша договор со мадридскиот клуб на четири години. Фудбалерот го напушти Челзи како слободен агент. Рудигер е во Челзи од јули 2017 година. Во сезоната 2021/22, фудбалерот постигна пет гола и оствари четири асистенции на 54 натпревари за тимот. Како дел од лондонскиот тим, дефанзивецот го освои ФА купот, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. зс/

Остани поврзан