• сабота, 21 декември 2024

РСБСП: Редовна зимска проверка на возилото и задолжително носење на зимска опрема

РСБСП: Редовна зимска проверка на возилото и задолжително носење на зимска опрема
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) - Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - РСБСП ги потсетува возачите да направат соодветна зимска подготовка и проверка на возилото, и тоа проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокот на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави, и секако носење на соодветна зимска опрема. РСБСП, исто така, потсетува дека носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година, согласно што: •  Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми се подразбира: зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 милиметри) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 милиметри) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала, или други соодветни помагала. • Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4х4) подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од шест милиметри (6 милиметри) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази од најмалку четири милиметри (4 милиметри). Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина. •  Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 килограми подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од шест милиметри (6 милиметри) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина со минимум од четири милиметри (4 милиметри) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. •  Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои странично имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Со цел појасно толкување на  Правилникот за користење на дополнителна опрема во возилата, РСБСП потенцира дека во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег. Исто така, особено важно е тоа што обврската за носење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Од РСБСП, нагласуваат дека комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото. аа/вј/

Остани поврзан