• сабота, 04 мај 2024

Роналдо го одигра својот 1.000 натпревар на клупско ниво

Роналдо го одигра својот 1.000 натпревар на клупско ниво

Ријад, 15 февруари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо вчеравечер го постигна победничкиот гол во првиот осминафинален натпревар од азиската Лига на шампиони против Ал Феиха (1:0). За португалскиот фудбалер овој натпревар беше јубилеен - 1.000-ти на клупско ниво. 

Триесет и деветгодишниот Роналдо има 31 натпревар за Спортинг, 346 за Манчестер јунајтед, 438 за Реал Мадрид, 134 за Јувентус и 51 за Ал Наср.

Во текот на својата клупска кариера, фудбалерот постигна 746 гола, од кои 45 за Ал Наср.

Кристијано Роналдо е петкратен добитник на Златна топка. На клупско ниво, тој стана шампион на Англија три пати и ги освои првенствата на Шпанија и Италија по два пати, а пет пати ја освои и Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан