• недела, 28 април 2024

Рома планира иднина без Лукаку

Рома планира иднина без Лукаку

Рим, 19 април 2024 (МИА) - Италијанскиот фудбалски клуб Рома се одлучи за иднината на напаѓачот Ромелу Лукаку, кој оваа сезона е позајмен кај римјаните од Челси.

Рома не планира да ги откупи трансфер правата на Лукаку за 43 милиони евра, сума на која инсистира Челси, пренесе „Газета дело Спорт“.

Лукаку најверојатно ќе се врати во лондонскиот клуб на лето, но би можел повторно да биде исфрлен.

Напаѓачот е заинтересиран за голем број клубови од Саудиска Арабија. Оваа сезона во италијанското првенство Лукаку постигна 10 голови и 3 асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан