• петок, 13 септември 2024

Родри: За мене ќе биде остварување на сон да ја освојам „Златната топка“

Родри: За мене ќе биде остварување на сон да ја освојам „Златната топка“

Манчестер, 13 септември 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри одговори на прашање за неговата номинација за освојување на „Златната топка“.

Шпанскиот фудбалер за „ЕСПН“ порача дека би било остварување на сонот да ја освои најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

- Тоа би било извор на гордост. На улица ми велат: „Ќе ја освоиш „Златната топка“, ја заслужуваш“. За мене тоа значи дека веќе сум победник, рече Родри.

„Франс фудбал“ на 4 септември објави листа од 30 кандидати за наградата. За прв пат од 2003 година, напаѓачите Кристијано Роналдо (Ал-Наср, Португалија) и Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина) не се меѓу номинираните. дс

Фото: Архива

Остани поврзан