• вторник, 24 декември 2024

Ристевски останува во Еурофарм Пелистер до 2028

Ристевски останува во Еурофарм Пелистер до 2028


Битола, 16 октомври 2024 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го продолжи денеска за следните четири години договорот со младинскиот репрезентативец Самоил Ристевски.
„По само неколку натпревари во тимот на Еурофарм Пелистер, кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски потврди дека местото му е во нашиот проект и во иднина. Затоа клубот го препозна неговиот талент, напредок и проекција и потпиша договор до 2028 година“, се наведува во клупското соопштение.
Ристовски (18) потекнува од ракометната школа на Пелистер и на позицијата кружен напаѓач веќе дебитираше во националните репрезентации на Македонија.
„Потписот на Ристовски е само продолжување на проектот најдобрите македонски ракометари да играат во македонскиот шампион“. Соопшти Еурофарм Пелистер. ег

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан