• петок, 05 декември 2025

Речиси 27.000 домаќинства во Одеса останаа без струја по руски напад

Речиси 27.000 домаќинства во Одеса останаа без струја по руски напад

Киев, 29 октомври 2025 (МИА) – Речиси 27.000 домаќинства во јужниот регион Одеса во Украина се без електрична енергија по синоќешниот руски воздушен напад врз енергетски објект, соопшти денеска енергетската компанија ДТЕК.

Нападот ја оштетил и транспортната инфраструктура, напиша воениот гувернер на црноморскиот регион, Олег Кипер, на Телеграм.

Украинското Министерство за енергетика пријави нови руски напади врз енергетските системи во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк, пренесе ДПА.

Со оглед на тоа што електричната мрежа е веќе ослабена од претходните напади, некои области се соочуваат со повеќечасовни прекини на електричната енергија, што влијае и на индустријата и на приватните домаќинства.

Властите соопштија дека едно лице е убиено во синоќешните напади.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека руската војска лансирала 126 дронови, од кои 93 биле соборени. јт/

Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Остани поврзан