• четврток, 21 ноември 2024

Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе чини неверојатни 1,8 милијарди евра

Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ ќе чини неверојатни 1,8 милијарди евра

Мадрид, 5 април 2024 (МИА) - Реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ чинеше неспоредливо повеќе од планираното, објави угледниот шпански економист Хектор Мохедано. Мадриѓаните уште во 2017 година најавија дека планираат да го реновираат својот стадион, а тој требаше да биде отворен минатото лето. Сепак, сега рокот е поместен за следното лето. Наместо планираните трошоци од една милијарда евра, реновирањето ќе чини неверојатни 1,8 милијарди евра.

Стадионот доби подвижен покрив, големи семафори и терен кој може да се прилагоди за различни спортови - од фудбал до кошарка и тенис. На пример, на него можете да играте кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.

Реал истакна дека ова е стадионот на 21 век и пример за дигиталната иднина. Покрај сето ова, тревата може автоматски да се превиткува и вертикално да се реди во посебна комора сместена под површината на теренот, веднаш до најниското ниво на штандот.

Теренот на „Бернабеу“ во таа длабока комора ги има сите неопходни услови за да остане во совршена состојба; од системи за аерација и наводнување до третман со ултравиолетови зраци кои симулираат сонце. Особено привлечна е сцената на расклопување и склопување на стадионот. Стадионот има и видео екран од 360 степени. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан